Утрински Весник
Спорт

Адетокунбо во посета на кошаркарски терени во атински населби во рамките на турнирот „AntetokounBros 2019“

Адетокунбо во посета на кошаркарски терени во атински населби во рамките на турнирот „AntetokounBros 2019“

Атина, 29 јуни 2019 (/) – Најкорисниот играч за сезоната во НБА, Јанис Адетокунбо заедно со неговите браќа организираат турнир во неколку атински населби за момчиња и девојчиња од 14-18 години, а финалето ќе се одржи денеска во населбата Сепоља, на теренот на кој популарниот „greekfreak“ започна да игра кошарка.

Во рамките на турнирот AntetokounBros 2019, Јанис, Костас и Алексис Адетокунбо ги посетија кошаркарските терени во населбите во Атина каде што се одржуваа 3х3 натпреварите, а учесниците имаа можност одблиску да ги видат нивните идоли, да се фотографираат со нив и да земат автограм.

Под силно приватно обезбедување, Јанис и неговите двајца браќа Костас и Алексис пристигнаа на еден од кошаркарските терени во населба во северниот дел на Атина, а пристапот на теренот, освен за новинарските екипи беше дозволен само за учесниците во турнирот, јави дописничката на / од Атина.

Фановите на Адетокунбо му приредија топол пречек, едни го сликаа, други сакаа селфи фотографија, трети да им даде автограм на нивниот баскет. Јанис не ги одби, со насмевка на лицето, се сликаше со сите. Посетата траеше кусо, по што замина во друга населба. / беше меѓу малиот број новинарски екипи кои го проследија пречекот и објавува фотографии од настанот.

По повод турнирот „AntetokounBros 2019“, Најк во соработка со Организацијата за култура, спорт и младина на општина Атина и грчки graffiti artists, уреди три надворешни кошаркарски игралишта, а едниот од нив е токму со „greekfreak“ исцртан на целиот терен и порака дека freak е поврзано со тип кој „дојде од ништо, а стана сѐ“.

Финалето на турнирот, кој постои од 2016, ќе се одржи на теренот кој сега го носи името The Greak Freak, односно игралиштето на кое Јанис Адетокунбо и неговите браќа ги направија нивните први кошаркарски чекори, а се наоѓа во населбата во која порасна најкорисниот играч на НБА за изминатата сезона. ср/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев