Утрински Весник
Македонија

Адеми-Жбогар: ЕУ ги поддржува реформските процеси во полето на образованието

Адеми-Жбогар: ЕУ ги поддржува реформските процеси во полето на образованието

Скопје, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Самуел Жбогар, на која било разговарано за законските измени и образовни политики на Владата.

Адеми, информираат од неговиот кабинет, го запознал евроамбасадорот со измените на Законот за основното образование и Законот за натсавници и стручни соработници за политиките кои ги креира Министерството за образование и наука за периодот кој претстои, како и за приближување на македонскиот образовен систем кон системот на образование во Европската Унија.

Евроамбасадорот Жбогар, истакнал дека Унијата ги поддржува реформските процеси кои ги презема Владата на Република Северна Македонија во полето на образованието, напоменувајќи дека тие се вистински партнер на земјава во нејзините евроатлантски аспирации. аа/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии