Утрински Весник
Спорт

Агуеро од првите минути ќе го започне натпреварот со Бразил

Агуеро од првите минути ќе го започне натпреварот со Бразил

Бело Хоризонте, 2 јули 2019 (/) – Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро ќе игра против Бразил уште од почетните минути.

– Агуеро ќе игра. Ова го велам затоа што слушам гласини дека постои сомневање за него. Меси? За него не можам да потврдам, изјави Скалони.

Аргентина во полуфиналето од Купот на Америка се среќава со домаќинот На натпреварувањето, репрезентацијата на Бразил. Натпреварот ќе се игра во Бело Хоризонте со почеток во 2 часот и 30 минути по полноќ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици