Утрински Весник
Спорт

Агентот на Лукаку: Интер мора да се „размрда“ малку

Јунајтед одби пари плус Перишиќ за Лукаку

Милано, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело, предупреди дека Интер ќе го купи „многу тешко“ неговиот клиент од Манчестер Јунајтед.

– Ако сакаат играчот да потпише, тие мора да дејствуваат, вели агентот.

Пасторело беше забележан на вечера со шефовите на Интер во средата вечерта.

– Нема развој околу Ромелу, само разговаравме со директорот на Интер. Тој ја знае ситуацијата добро и ќе видиме какви одлуки ќе се прават, но треба да се размрдаат, изјави тој за новинарите.

Според медиумите во Италија, од Интер ќе се обидат да ја спуштат бараната сума од 70 милиони евра, која Манчестер Јунајтед сака да ја внесе во касата, откако ќе предложат двегодишно изнајмување на белгискиот напаѓач.

– Никогаш не паѓам на броевите, но знаете какви суми фигурираат во договорите. Мора да ги прашате Интер дали тие ќе делуваат. Јасно е дека Лукаку е трансфер цел, но не значи дека тој ќе дојде само така, ако се остане само на зборови, заврши Пасторело.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица