Утрински Весник
Македонија

АВМУ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе работат на подигање на свеста за медиумската писменост

АВМУ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе работат на подигање на свеста за медиумската писменост

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка врз основа на кој ќе бидат преземени заеднички активности за подигнување на нивото на медиумската писменост во земјава.

– Станува збор за реализирање на истражување на нивото на медиумската писменост кај возрасната популација во државава и на медиумска кампања, што ќе се спроведат со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти АВМУ.

Тоа ќе биде второ истражување и треба да покаже дали и колку е сменета ситуацијата во споредба со истражувањето од 2016 година. Неговите наоди ќе послужат како основа за спроведување медиумска кампања за подигање на свеста за важноста на медиумската писменост како средство кое ќе им помогне на граѓаните да препознаат пристрасност, спинови, дезинформации и лажни медиумски содржини.

Активностите ќе се реализираат во рамки на проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје „Поддршка на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер